Што е платформата AnyPower?

Платформата AnyPower е безбеден онлајн систем дизајниран да ги поврзе производителите, снабдувачите и потрошувачите преку транспарентен и конкурентен процес на тргување со енергија.

Како да се регистрирам?

Посетете ја страницата за регистрација и пополнете го онлајн формуларот со потребните деловни и кориснички податоци. По извршената верификација, ќе добиете кориснички пристап преку електронска пошта.

Како функционира процесот на лицитирање?

Регистрираните корисници можат да:

  • Поднесуваат понуди (за снабдувачи) или побарувања (за производители и потрошувачи)
  • Наддаваат во реално време
  •  Учестуваат во отворени или затворени процеси на тргување
  •  Ги прегледуваат и прифаќаат понудите во реално време
  •  Финализираат трансакции по прифаќање на понуда

Дали моите податоци се безбедни?

Да, платформата користи енкриптирана комуникација и строги механизми за пристап со цел да ги заштити вашите лични и деловни податоци.

Кој може да ја корсити платформата?

Платформата е достапна за лиценцирани енергетски производители, снабдувачи и потрошувачи (на пр., големи потрошувачи) кои ги исполнуваат условите за регистрација и условите за користење.

Дали користењето на платформата се наплатува?

Одредени функционалности се бесплатни, додека други може да бараат претплата или наплата по трансакција.

Може ли да уредам или откажам понуда?

Да, понудите може да се уредуваат или повлечат сѐ до крајниот рок на барањето за понуди, освен ако не е поинаку наведено.

Како се постапува во случај на спорови?

Сите корисници се охрабруваат да ги решаваат споровите директно. Сепак, доколку е потребно, прашањето може да се ескалира до поддршката на платформата преку делот за решавање спорови.

Што ако ја заборавам лозинката?

Кликнете на „Заборавена лозинка“ на страната за најавување и следете ги инструкциите за безбедно ресетирање.